Тим билдинг со Идеа лаб

Бизнис теоретичарите кон крајот на 20. век го популаризираат концептот на градење на тимови. Постојат различни мислења за ефикасноста на овој нов менаџмент "каприц".

Некои гледаат на "тим билдинг" како на обичен збор - пречесто користен, а премалку корисен.

Други го гледаат како лек кој конечно го разбира движењето на човечките релации и желбата за интеграција кон она што се смета за најдобро за работниците и менаџерите.

Трети пак верувааат во ефикасноста на тимот, но истовремено го гледаат и како опасен поради потенцијалот за експлоатација на работници - ефективноста на тимот може да е резултат на притисок и надзор од страна на колегите.

Како и да е во случајот со агенцијата Идеа лаб, концептот на тим билдинг е токму тоа што треба да биде. Заеднички поминати моменти на сите вработени надвор од канцеларија.

Тимот на Идеа лаб редовно практикува тим билдинг активности, кои се поврзани со спорт.

Димитар, кога е во прашање спортот е најактивниот, редовно спортува повеќе од пет години, практикува крос фит, а на шега ја спомнува и јогата.

Ема сака да трча, Марко и Даниел се по пливањето, Марија и Елена практикуваат пилатес, а Љупка фитнес и трчање.

Екипата на еМагазин присутвуваше на една тим билдинг активност на Идеа лаб во фитнес и спа центарот Синерџи, кој нуди тим билдинг за секоја заинтересирана компанија.

Повеќе за фитнес и спа центарот Синерџи, ОВДЕ

Извор: Користени материјали од Википедија

jQuery Slider
При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Петре Димитров

Професионален дипломиран новинар со долгогодишно искуство. Најмногу сака да патува и да прави возбудливи репортажи, но за да јавноста биде објективно информирана следи и бизнис и политика.

Најчитани вести