Во здраво тело, здрав дух со Игор Стефановски – Иџе

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе вели дека за постигнување на добри резултати е потребна добра физичка и психичка кондиција.

„Без подготовки со спортски активности нема успех. Физичката и психичката кондиција се битни пред секоја трка. Едно мало невнимание, може да придонесе да се изгуби концентрацијата при возење, што може да донесе лош резултат“, вели Иџе.

Иџе освен одењето во теретана, каде практикува кондициони вежби, а не вежби со тежина, редовно трча на кеј.

„Спортските активности се практикуваат посебно пред трка. Секако во тој период е битна и исхраната, инаку се хранам без некој посебен режим. Важно е пред натпревар и да се одморам и релаксирам псхички“, вели Иџе.

Како изгледаат неговите подготовки погледне од фотографиите направени во фитнес и спа центарот Синерџи.

Повеќе за фитнес и спа центарот Синерџи, ОВДЕ

jQuery Slider
При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Петре Димитров

Професионален дипломиран новинар со долгогодишно искуство. Најмногу сака да патува и да прави возбудливи репортажи, но за да јавноста биде објективно информирана следи и бизнис и политика.

Најчитани вести