Што имаат заедничко органската храна и теретаната?

Анастасија Ашкилова, сопственичката на продавницата за органска храна BeOrg е вистински пример за девизата „Во здраво тело, здрав дух“. Не само што редовно спортува: оди во теретана, игра тенис, кошарка, а практикува и кик бокс, туку и здраво се храни.

Како што вели требало да стане актерка (тоа и студирала), но животот и донел еден друг голем предизвик-да влезе во бизнис со органска храна, сектор кој допрва се развива во нашата земја.

Во својот двор има импровизирана теретана, каде практикува најразлични вежби, а како што вели добро се грижи и за исхраната.

„За доручек јадам пет различни типови на овошје и смути. Избегнувам месо и сирење, а како замена за месо ги користам амарнт и киноа (тестениа слична на кус-кус)“.

Фотографиите се направени во фитнес и спа центарот Синерџи. Повеќе за фитнес и спа центарот Синерџи, ОВДЕ

jQuery Slider
При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Петре Димитров

Професионален дипломиран новинар со долгогодишно искуство. Најмногу сака да патува и да прави возбудливи репортажи, но за да јавноста биде објективно информирана следи и бизнис и политика.

Најчитани вести