Шумите соголени: Дрвокрадците украле дури 315.702 кубни метри дрва

Дрвокрадци ги соголија тетовскиот крај и Шар Планина, пишува Утрински весник. Во изминативе десетина години е направен вистински пустош на еден од најраскошните планински предели во земјава. Нема дел од шума во тетовскиот крај, а кој не се нашол под удар на дрвосечачите. На потегот околу селата Порој - Џепчиште, Слатина - Брезно, Доброште, од Вејце кон Бродец и Шипковица и со голо око може да се забележи неконтролираната сеча на дрва, пишува весникот. 

Дека се сече неколкукратно повеќе од дозволеното, покажуваат и податоците од Државниот инспекторат за шумарство и ловство. Дури 315.702 кубни метри штета е предизвикана со неконтролираното сечење на дрва низ целата земја во 2014 година. 

Целата сторија на Утрински весник, ОВДЕ.

Фото: Утрински весник

ПРОЧИТАЈТЕ ЈА И ОВАА СТОРИЈА

Природата ни врати: Зошто се поплави тетовско

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Петре Димитров

Професионален дипломиран новинар со долгогодишно искуство. Најмногу сака да патува и да прави возбудливи репортажи, но за да јавноста биде објективно информирана следи и бизнис и политика.