Голем интерес за уписи на ФЕИТ

Постои голем интерес за запишување нови студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), во првиот уписен рок во академската 2015/2016 година. Оваа година, за ФЕИТ се предвидени 600 слободни места за упис на нови студенти, од кои 460 редовни студенти во државна квота и 140 редовни студенти со кофинансирање.
 
-Имаме договори за соработка со стотина компании во Македонија, каде нашите студенти извршуваат пракса, но и се вработуваат како дипломирани инженери. Постои можност, на нашата веб страна, компаниите да објавуваат и огласи за пракса и за кадарот што го бараат. Нашите инженери секогаш наоѓаат работа. Некои менаџери на компании бараат инженери од нас, а вработуваат и студенти од ФЕИТ, - изјави продеканот за настава, Христина Спасевска.
 
Деканот Миле Станковски, очекува ФЕИТ да ја потполни државната квота со високо-квалитетни кандидати.
 
-Бројот на пријавени кандидати, до овој момент, е поголем во однос на минатите години. И квалитетот на пријавени кандидати е висок, затоа што во над 80 проценти, тие имаат по повеќе од 90 поени,- изјави Ситниковски.
При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!