„Food talk Macedonia“: Оливер Млакар на Матка ќе покаже како се готви

1125 Views Септември 18, 2015 Забава Никола Осило

Под мотото „Размислувај глобално, јади локално, забавувај се регионално“, во ресторанот „Кањон Матка“ денеска ќе се одржи првата гастрономска конференција „Food talk Macedonia“.

Ќе учествуваат експерти од оваа област, готвачи, сопственици на ресторани, винарии, гастро-блогери, а ќе има и гости од регионот.

Предвидени се неколку панел дискусии на различни теми - „Месо? ГМО? Глутен? Пестициди? Холестерол? Лактоза? Хормони? Што да јадам?“, „Што да се јаде за да бидеме убави и здрави“, „Храната на интернет“,..., меѓу кои и панел-дискусиите „Приготвуваме и живците ги негуваме“ со учество на познати личности кои сакаат да готват (Адријана Алачки, Есма Реџепова, Весна Петрушевска, Елена Петреска, Јоце Панов и Зоран Џорлев), како и т.н. Гастро-дипломатија на која гости од амбасадите ќе дегустираат храна подготвена од нивните гастро-шефови. 

Присутните ќе уживаат во големиот број македонски специјалитети, а презентирани ќе бидат и правилата за дегустирање вина.

Како што најавуваат организаторите „Колор Прес-група“, специјален гостин на конференцијата ќе биде познатиот водител Оливер Млакар кој треба да ги открие „малите тајни на големите мајстори“ на кујната.

„Food talk“ конференции досега се организирани во Заечар и Нови Сад.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!