Сега е моментот да ги споделите со целиот свет тајните кои ви лежат на душата

879 Views Септември 23, 2015 Свет Никола Осило

Доколку имате потреба од себе да исфрлите нешто што многу ви прави тежина, но немате храброст тоа да го направите, па дури ниту пред најдобриот пријател, еве ви можност - ослободете се и кажете го тоа анонимно на целиот свет. 

Имено, на железничката станица во Брајтон поставен е голем ѕид на кој до 27 септември луѓето од секој крај на планетата ќе можат да ја кажат својата приватност, па ако  сакате и вие да кажете некој збор, можете да го сторите тоа на линкот The Waiting Wall.

The Waiting Wall, по повод дигиталнито фестивал во тој град, е дизајниран од страна на музичарот и „софтвераш“ Ален Донохое и неговиот партнер Стивен Паркер, а момчињата пронајдоа инспирација во книгата на Алан де Ботон „Религија за атеисти“.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!