Треба да дадеш, за да добиеш

Приказната за балетанот, кореграф и професор по модерен балет, Игор Киров, почнува во Штип, град од кој сме добиле многу значајни личности од различни сфери, како што гордо вели Киров.

Уште како мал немал дилема дека кога ќе порасне ќе биде тоа што е денес-почитуван и признаен во својата работа.

„Знаев уште како мал дека ќе се занимавам со играње. Во мал град, беше многу тешко да најдеш некој да те насочи во тоа и да ти каже дали имаш талент или не, а и да можеш убаво да се изразиш. Од моите родители имав голема подршка, но знааеа да кажат: „Ти само играј си, но имај си и сериозна професија од која ќе живееш„„, раскажува Киров.

Од основно поради неговата љубов кон играњето е дел од балетската секција во Пионерскиот дом, но како што вели таму немал и некоја можност да научи нешто повеќе.

Потекнува од фамилија која на некој начин немала никаква конекција со балетот. Родителите му биле книговодители, а поседувале и имот на село.

Па така, Киров се запишал во средно ветеринарно во соседно Свети Николе и секој ден патувал на училиште.

Љубовта кон играњето останува, па во 1990 година, случајно го има првиот настап на Макфест.

Со својата партнерка му понудуваат на Питер Џон Босе да го придружуваат на неговиот настап и Киров го има првиот голем јавен настап и веднаш награда за најдобра сценска изведба.

„Ме викаа детето што носи награди. На Макфест настапував од 1990 до 1996 година и секој од учесниците кои ги придружував добиваа некаква награда. Сите ме бараа „.

Во 1993 година се преселува во големиот град, Скопје, со големи очекување, дека овде ќе ги најде вистинските луѓе, кои ќе го насочат и ќе му го покажат патот.

Оди во балетското студио Ребис и станува дел од нивната екипа.

„Гоца ми рече: „Сине мој, ти ќе бидеш ѕвезда„„.

Се запишува во средно балетско, а по завршувањето на уште едно средно училиште, е насочен дека е време да ги направи првите чекори надвор од земјата.

„Многу работев на себе и посветено вежбав, понекогаш по цели денови, од 10 наутро, до 11 навечер. Треба да дадеш, за да добиеш“.

Заминува во Холандија, каде се запишува на Академијата за балет во Ротердам, која негува високи критериуми, што доплнително го охрабува да оди само напред.

По две години таму добива стипендија од Министерството за култура на Холандија за талентиран студент.

На Академијата останува 4 години и во теј период го има и првиот договор со компанија за настапи.

Во годините што следи работи во театри и компании во Германија, Австрија, Швајцарија, Франција...

Со бројните ангажмани учи и јазици, па може да се пофали дека зборува англиски, германски, француски и делумно холандски.

Моменталната резиденција му е Дрезден, но светот по се изгледа е мал за неговите амбиции, па работел како слободен уметник и во Куба, САД, Јужна Кореја...

Од 2006 година почнува да се занимава и со кореографија, која моментално му е една од главните преокупации.

Предава модерен балет на академиите во Скопје, Белград и Минхен, а наскоро планира да си ја проба среќата и во Токио.

„Најлесно е да играш. Понекогаш е тешко да склопиш кореографија од час или час и половина и секој да биде задоволен“.

Вели дека има интерес за едукација за балет во Македонија, но и дека публиката е гладна за нови престави.

„Преставата „14 часа“ се игра трета сезона и салата секогаш е полна. Преставата се играше и во Рим, Париз и Виена …“.

За приватен живот, како што вели нема време, бидејќи е „оженет за професијата„.

Кога има слободно време сака да патува. Дестинации кои му оставиле посебен впечаток се Сеул, Њујорк,. Барселона, Хавана...

Нашето мени

Од богатото мени на ресторанот Гурмет, со Киров се определивме за рижото со морски плодови, пилишека супа и свежо овошје.

 

jQuery Slider
При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Петре Димитров

Професионален дипломиран новинар со долгогодишно искуство. Најмногу сака да патува и да прави возбудливи репортажи, но за да јавноста биде објективно информирана следи и бизнис и политика.

Најчитани вести