Лазе Камчев: Вежбањето е најдобриот лек за стрес

Нема дилема дека парите, носат најмногу стрес.

Стресот е уште поголем, ако токму управувањето со финасиите ви се главниот фокус во секојдневното работење.

Таков е случајот со Лазе Камчев, директор на КД Фондови, чија работа е инвестирање на меѓународните пазари и следење на светските берзи, каде се вртат големи пари.

Камчев ја нашол својата формула за справување со стресот-вежбање во теретана.

Како што вели тоа го практикува со години и редовно ги „тренира„ сите мускули.

Работи и до 10 часа на ден, па одењето во теретана е местото каде црпи нова енергија.

Како што вели, големо внимание посветува и на исхраната, која има големо влијание на нашето расположение, па од исхрана, целосно ги има исфрлено газираните пијалоци, лебот, брашното и благото.

Се храни со житарици, млеко и млечни производи, месо, риба, јајца и многу зеленчук и овошје.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести