(Галерија) Во Synergy фитнес и спа центарот одржан првиот NIKE+ Training Club во Скопје

Секојдневните професионални обврски и брзиот модерен начин на живот влијаат врз здравјето и дебелината на луѓето, како и на нивната физичка активност. Токму поради недостигот на слободно време, трендот во светот е луѓето сè почесто да вежбаат со помош на апликации кои ги инсталираат на своите паметни уреди. 

Една од најпопуларните фитнес апликации во светот, Nike+ Training Club, која што е наменета за сите модерни жени, во себе ги содржи сите тајни за водење на здрав живот. Фокусирајќи се на различни фитнес вежби, како и на јогата и пилатесот, таа ви овозможува да го размрдате целото ваше тело и да „притискате“ до границите на издржливоста. Аудиото ви помага во мотивирањето и ве одржува во добра форма, додека видеата ви покажуваат чекор по чекор како да ги направите правилно сите вежби.

Оваа сабота во Synergy фитнес и спа центарот во Скопје се одржа првиот Nike+ Training Club каде беа поканети сите активни и модерни жени кои сакаат да водат здрав начин на живот и преку вежбање да бидат фит. Тренингот на кој присуствуваа голем број на заинтересирани жени го водеа популарната пејачка Симона Попоска, фитнес инструкторката од Synergy фитнес и спа центарот, Стојка Спиридоновска, Нина Ангеловска и Ирина Пилатес Митевска. 

Големината на овој тренинг настан ја препозна нашиот најмодерен фитнес центар Synergy и поради тоа во друштво на 4-те активни и модерни жени реши да ја презентира популарната фитнес апликација на македонските жени. 

Nike+ Training Club е вашиот персонален тренер кој содржи повеќе од 100 вежби и програми.

 

jQuery Slider
При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести