Кроациа Осигурување заинтересирана за превземања на Балканот и во Македонија

Санел Волариќ, Претседател на Управата на Кроациа Осигурување, е задоволен од работата на неговите колеги во Македонија, посочи на денешната прес конференција на компанијата.

„Групацијата Кроациа Осигурување по извршеното успешно темелно реструктуирање, на пат е кон реализација на својата цел и позиција на модерен ефикасен регионален лидер. На сите пазари на кои работиме постои значителен потенцијален раст поради подосигураност на пазарот, примарно во здравственото и животното осигурување. Постои голем потенцијал и во неживотното осигурување, особено во делот на малите и средните претпријатија, каде што реализацијата е отежната поради економската криза и слбата куповна моќ“, рече Волариќ.

Тој рече дека Кроациа Осигурување во периодот што следи во Македонија ќе ја зголеми својата работа, но и дека компанијата е заинтересирана и за аквизиции.

„За сега немаме конкретни компании кои би ги превзеле на регионално ниво, па преку нив и ќерките компании во Македонија, но отворени сме за се, што има смисла„, рече Волариќ.

Компанијата за периодот што следи најави и нови вработувања на околу 80 лица, во двете друштва-Живот и Неживотни осигурувања.

Фото: Капитал

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Стратешка соработка на Кроациа Осигурување со НЛБ Банка и нови услуги

Кроациа Осигурување, прва финансиска институција во земјава со сертификат 9001:2015

Политичката криза го зголеми интересот за осигурување во Македонија

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови