(Фото) Комплексот „Македонско село“ ги отвори портите

Компанијата „Тинекс“ вечерва свечено го отвори комплксот „Македонско село“ лоциран во село Нерези, Скопје, во близина на манастирот „Св. Пантелејмон“. 

Етно-комплексот  има 12.000 метри квадратни и е изграден во стилот на традиционалната македонска архитектура.

Има автентични куќи од различни краишта на Македонија со сместувачки капацитет за сто гости.

Во состав на комплексот се хотел, ресторани и дополнителни содржини.

Со одлука на Владата, „Тинекс“ и хотел „Квинс“ - два субјекта кои се во сопственост на Владимир Тодоровиќ и неговото семејство, ќе стопанисуваат со комплексот „Македонско село“ во наредните 20 години. 

Извор/фото: МИА

jQuery Slider
При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести