Попов: Создадовме наградна игра со која секој има можност да биде добитник

Комерцијалниот директор на Кит-Го маркети, Штип Александар Попов вели дека наградната игра на Кит-го и Тера маркети отвора можности за добивање голем број вредни награди како што се автомобил Опел Астра, 4 скутери, 12 велосипеди, 32 патувања низ Европа и летувања на познати туристички дестинации, како и 160 ваучери за пазарување во нашите маркети.

Имињата Кит-Го и Тера Маркети овој пат се поврзуваат со кампања од пошироки размери, односно наградна игра. За што точно станува збор?

- Од 28 април, во текот на летните месеци, па сè до 1 октомври, организираме голема наградната игра каде ќе можат да учествуваат сите граѓани што пазаруваат во Кит-Го и Тера Маркети. Станува збор за наградната игра „Купувај и добивај со Кит-Го и Тера Маркети“, наменета за сите наши лојални и редовни потрошувачи. Наградната игра отвора можности за добивање голем број вредни награди како што се автомобил Опел Астра, 4 скутери, 12 велосипеди, 32 патувања низ Европа и летувања на познати туристички дестинации, како и 160 ваучери за пазарување во нашите маркети.

Како дојдовте до идејата и од какво значење е наградната игра за Вашата компанија?

Идејата произлезе како начин на кој најдобро ќе им се заблагодариме на нашите верни потрошувачи, кои што редовно ги посетуваат продажните објекти од почетокот на оформувањето на Кит-Го и Тера Маркети па сè до денес. Иако претходно сме правеле најразлични кампањи преку кои сме излегувале во пресрет на барањата на нашите потрошувачи, задоволувајќи ги нивните секојдневни потреби, сепак оваа наградна игра е прва од ваков карактер и за нас е од големо значење, и преку истата сакаме да искажеме благодарност и почит кон сите наши верни потрошувачи.

Како можат потрошувачите да се вклучат во наградната игра?

Концептот за учество во наградната игра е многу едноставен и прилагоден за секој купувач да учествува во неа. Со секоја направена сметка од минимум 300 денари во Кит-Го и Тера Маркети, потрошувачите добиваат купон (самолеплив) и леток на каса (на кој треба да залепат пет купони), да го пополнат летокот со своите лични податоци и да го остават во означените кутии во секој од нашите маркети. Со тоа добиваат можност да учествуваат во наградната игра што носи голем број и вредни награди.

До кога ќе трае наградната игра? Каде сè ќе се одвива?

Наградната игра започна на 28ми април 2016 година, а ќе трае до 1ви октомври 2016 година. Наградите ќе се извлекуваат секој месец, во четири фази, започнувајќи од Струмица на 4ти јуни каде и се одржа првото извлекување од нашата наградна игра, а неодамна следеше и второто извлекување во Неготино на 9ти јули. Потоа нашите купувачи ќе имаат шанса да се радуваат на наградите во Кочани на 20ти август, за на крај, односно на 1ви октомври да биде и последното и главно извлекување во Штип каде ќе го извлечеме и најсреќниот добитник на нов автомобил, Опел Астра Седан 2016.

Какви се Вашите очекувања од наградната игра?

Имаме големи очекувања од наградната игра, пред сè во однос на заинтересираноста кај купувачите да учествуваат и да се натпреваруваат. Тоа ни го потврди и првото извлекување во Струмица каде имавме огромен број летоци од сите градови каде сме присутни со свој продажен објект. Главниот мотив и очекување е граѓаните, односно купувачите да бидат среќни и задоволни од оваа наша мала, но значајна благодарност кон нив. Во иднина, нашиот план е кампањите од ваков тип да станат традиција за Кит-Го и Тера Маркети и сè почесто да ги наградуваме и радуваме нашите верни потрошувачи.

За крај која би била Вашата порака до граѓаните?

Купувајте во Кит-Го и Тера Маркетите и добивајте повеќе за вашите пари. Учествувајте во наградната игра и добијте можност да бидете дел од најсреќните добитници на вредни награди. Следете ги сите наши промоции во маркетите, како и промоциите со клуб картичката за Кит-Го, и користете прилика да ни укажете на критики и пофалби, бидејќи ние работиме за вас и вашите потреби. Вашето задоволство за нас е дополнителен мотив и инспирација да продолжиме да работиме со исто темпо и ист квалитет, задоволувајќи ги сите ваши барања и очекувања од ланец на маркети којшто е современ, модерен, лојален и квалитетен како што се Кит-Го и Тера Маркети.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести