Ќерката на Велија, Емел Рамковска излезе од затвор

Ќерката на Велија Рамковски, Емел излезе од затвор. Информацијата на Фејсбук ја соопшти Сефер Цаноски, зет на Рамковски.

„Денес е убав ден - Емел Рамковска конечно на слобода! Ја одлежа "машки" политичката казна до последен ден. Честитам на целата храброст и издржливоста која ја покажа. Да бидеш здрава и жива. И главата горе. Твоето време допрва доаѓа ...“, напиша Цаноски.

Емел за случајот „Пајажина„ доби казна затвор од шест години.

Нејзиниот татко, Велија за злосторничко здружување доби три години, за перење на пари шест години, за даночно затајување пет години и за злоупотребата на службената положба уште една година. За сите дела вкупната казна е 15 години, но судот му одреди единечна казна од 13 години.

Синот на Велија, Хеди доби седум годишна казна, а неговиот брат Амди Рамковски шест годишна казна.

Фото: Сефер Цаноски/Фејсбук

 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови