(Фото) Кафуле за Гинис: Замрзнете на плус 50 во Minus 11 Ice Cafe во Кувајт

1490 Views Септември 6, 2016 Check in Камелија Делија

Minus 11 Ice Cаfe, е кувајтски локал во кој се е направено од мраз. Единствен е на повеќе начини: најголемo „ледено кафуле“ во светот, единствен таков вид во Персискиот Залив и влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Кафулето се наоѓа во познатата кула „Ал Тијарија“ висока 218,2 метра.

Во него се изградени од мраз реплики на камили, коњи, столици, маси, птици, змејови и други украси, а чашите во кои се послужуваат напитоците исто така се од мраз.

Посетителите издвојуваат 50 долари за влез при што е пресметан и пијалокот по желба, дозволено е фотографирање и допирање на скулптури од мраз, но посетата е ограничена на 45 минути.

„Minus Ice Cofe“ е посебно аткративен во земјата во која владее полупустиска клима.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!