Осветен првиот етно-ресторан „Куќа на Мијаците“ по идеја на Бигорскиот манастир

3844 Views Септември 11, 2016 Check in Редакција Емагазин

„Куќа на Мијаците“, или „Бигорски Анови“ е првиот етно-ресторан направен по идеја на Бигорскиот манастир кој има за цел развој на верскиот и селски туризам во мијачкиот крај на Западна Македонија.

Во пресрет денешниот патрон празник на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, вчера извршил осветување на објектот.

Првиот етно-ресторанот, посветен на мијачката култура и традиција се наоѓа на аголот од патот кој води кон Манастирот непосредно го регионалниот пат кон Дебар. Претставува нешто повеќе од етно-ресторан, а тоа е, всушност, еден своевиден ресторан-музеј на мијачката култура, изграден целосно во духот на мијачката неимарска традиција. „Куќата на Мијаците“ ќе биде раководена од Јонче Николовски од Тетово.

Овој објект, кој плени со својата архитектура, изградена од камен, е целосно во духот на традиционалната мијачка култура.

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ.

Текст и фото: religija.mk

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести