Политичката криза ни го зеде растот

1049 Views Септември 28, 2016 Мој став Редакција Емагазин

Не требаше Светска банка да ни каже дека политичката криза е погубна за нашата економија. Тоа и самите го чувствуваме секој ден. Има се помалку пари, секој му должи на секој, платите доцнат, се губат работни места, нема нови инвестиции...

Ни раст од 4% немаше да донесе многу добро за граѓаните, а камоли ли раст од 2%, кој ни го прогнозираше оваа светска финансиска институција.

Нема дилема дека главниот виновник за падот на инвестиците, кредитирањето, зголеменото задолжување на земјата... се политичарите.

Тие повикувајќи се на нашата иднина, повеќе од две години делуваат како да не сакаат да и стават крај на политичката криза и покажуваат многу често дека всушност нивните интереси се пред нашите.

Од земја која барем во регионот можеше да се пофали со неколку добри економски перформанси, ако продолжат работите да бидат како до сега, многу брзо ќе бидеме на дното на сите регионални листи.

Редно време, ако политичарите навистина не сакаат и и мислат добро на својата земја, да покажат вистинска зрелост и да дадат се од себе кризата да почне да се решава и работите да се вратат во нормала.

 

 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови