Забрана и за српска музика

3255 Views Септември 30, 2016 Македонија Редакција Емагазин

По забраната за македонската музика од утре на сила стапува и одлуката на Здружението за заштита на авторските и музички права (ЗАМП) за забрана за емитување и на српска музика во македонскиот медиумски етер.

ЗАМП, на барање на Организацијата на српските музички автори (СОКОЈ), од 1 октомври им забранува јавно емитување на музика од репертоарот на СОКОЈ на сите радио и телевизиски станици на територија на Македонија.

Како што стои во известувањето на СОКОЈ, причините за донесување на одлуката за забрана за користење на репертоарот на СОКОЈ произлегува од фактот дека со издадената дозвола од Министерството за култура на РМ на организацијата СОКОМ МАП и предложениот од нивна страна Правилник со тарифа за користење на авторски музички дела е направено намалување за 50% во однос на јавното соопштување на авторските музички дела, споредено со предлогот на ЗАМП, а пак во делот на емитување и реемитување предлогот е за околу 100% понизок, информираа од ЗАМП.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Забрана за македонска и српска музика: Што музика ќе слушаме?

Од денеска забрана за емитување македонска музика

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.