Забрана за македонска и српска музика: Што музика ќе слушаме?

3049 Views Септември 30, 2016 Мој став Редакција Емагазин

Убаво што конечно по македонските медиуми нема да „трешти“ српски турбо фолк. Да не бидам погрешно сфатен немам ништо против српската музика, но сепак премногу ја имаше, и тоа во најлошата форма. Човек кога гледа телевизија и слуша радио да се збуни каде всушност живее.

За тие што не се упатени, по забраната за емитување на македонска музика, од утре на сила треба да стапи и одлуката за забрана на српска музика по македонските медиуми.

Делот со српската музика и апелот на македонските музичари конечно да си ги заштитат нивните авторски права ме израдува, но не сум баш среќен што македонската музика, која и така веќе многу малку малку ја имаше по медиумите, сега ќе ја има уште помалку. 

Здруженијата, музичарите и државата мора да најдат заеднички јазик и прво основно да ги заштитат правата на изведувачите (кој сака да работи за џабе?) и потоа да се најде начин, нашата музика да ја има по медиумите што е можно повеќе.

Модели како се регулираат авторски права и како се форсира домашна музика по светот има многу. Не треба да измислуваме топла вода.

И, да, кога сме кај авторските права, кои во Македонија не се почитуваат во многу сфери, што е со правата на музичарите од Бугарија, Хрватска, Грција, САД, Британија...

На крај да не останеме без музика.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Забрана и за српска музика

Од денеска забрана за емитување македонска музика

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови