Како се роди Лукоил

Нафтениот гигант деновиве слави 25 години од основањето. Како започна неговата приказна?

Нафтениот концерн „Лангепас - Урај - Когалимнефт„ се трансформиран во „Лукоил„ (првите три букви ЛУК) на 25 ноември 1991 година со одлука на Владата на Руската Федерација.

Во својот развој „Лукоил„ ги помина значајните фази како што се укрупнување на државните претпријатија и приватизација, како и откуп на државни акции од страна на компанијата, стратешко партнерство со Conoco Philips, кое заврши во 2010 година и донесе големо искуство.

Денес „Лукоил„ е руска транснационална компанија која поседува уникатни технологии. И ова е едно од најголемите достигнувања за периодот од 25 години. Како еден пример може да послужат морските платформи за екстракција на нафта, уникатни терминали, како што е Варандејски терминал, кој е вклучен во Гинисовата книга на рекорди.

Во тековната година „Лукоил„ исто така се најде и меѓу првите пет лидери според годишниот рејтинг за еколошка ефикасност на нафтени и гасни претпријатија во Русија и доби висока оценка за управување со животна средина и квалитет на корпоративно управување.

 Во човечкиот живот возраста од 25 години претставува период на најголема енергија, сила и спроведување на долгорочни планови. И Компанијата ова го реализира.

Својот јубилеј од 25 години  „Лукоил“ го пречекува во рангот на една од најголемите нафтени компании во светот. Во нејзините активи се огромни резерви на нафтените полиња, моќни претпријатија на територија на Русија и  надвор од нејзините граници, цела армија на високо професионални работници, повеќе од 105 илјади луѓе.

Денес „Лукоил“ обезбедува повеќе од 2% од светското производство на нафта и околу 1% од докажаните светски резерви на јаглеводороди.  Во 2015 година компанијата го надмина нивото на производство од 2 милијарди тони на гориво (нафта и гас).

Во моментов под брендот на „Лукоил„  работаат повеќе од 5 и пол илјади бензински станици во 22 земји ширум светот. Покрај Европа, компанијата е присутна и во Азија, Африка и Америка.

Во тековната година „Лукоил„ го зазеде 6 место во рангирањето на американската агенција „Platts" во листата од 250 најголеми енергетски компании низ светот за 2016 година. Рејтинзите се базирани на формулата на Platts, чии  што компоненти се: вредноста на активите, приходите, добивката и враќање на вложениот капитал. 

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Михајлович Куку, Лукоил Македонија за еМагазин: Соработката со стратешки инвеститор дава позитивни успеси

Лукоил Македонија ќе гради нови бензински станици во Гевгелија, Куманово, Скопје и Кавадарци

Михајлович Куку, Лукоил Македонија: Центата на нафтата во следните три години од 45 до 60 долари

Лукоил слави 25 години

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови