(Фото) BATA Vivienne - безвремениот шарм на англискиот стил

2222 Views Октомври 3, 2016 Е-излог Редакција Емагазин

Моделот Vivienne е дел од колекцијата на BATA за есен/зима 2016, инспириран од англиската традиција и пропознатливиот англиски стил.

Изработени од кожа и подигнати на повисока гума која е направена од особено лесен материјал, овие чевли се практични и удобни за носење, па така во нив можете да го поминете целиот ден и лесно да ги адаптирате од чевли за во канцеларија во одлична комбинација за попладневна прошетка или ручек со пријателите.  

Оригиналните Vivienne се препознатливи по ресите и специфичната декорација на горниот дел кој потсетува на дизајнот на машки чевли и е синоним на лежерна елеганција, а постојат и неколку варијации на овој модел.

Традицијата на ваквиот модел на чевли потекнува од дождливите предели на Ирска и Шкотска, а перфорацијата била направена за да не се собира вода на горниот дел од чевлите. Со текот на времето ваквите детали стануваат шармантен орнамент, а чевлите моден хит во 70-тите. Со враќањето на ретро трендовите, ваквиот модел на чевли е особено актуелен како кај комерцијалните така и кај луксузните брендови. 

Vivienne моделот може да се комбинира со повеќе различни чанти во зависност од стилот или приликата за која станува збор. 

jQuery Slider
При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови