(Фото) Модната ќука „Бела“ прослави 25 години постоење

Модната куќа Бела заокружи четврт век од постоењето. Својот 25. јубилеј го одбележа со коктел забава од затворен тип, која вчеравечер го исполни Ивент центарот 21.  

Македонската модна куќа, која во изминативе 25 години успеа да се етаблира како водечка компанија во модата за модерната и деловна жена, јубилејот го прослави во друштво на пријатели, соработници, лојални клиенти, јавни лица од државата и медиуми. 

Прославата започна со танцов настап, по што следуваше кратка програма посветена на долгогодишната работа на брендот. Пред присутните, во името на тимот на Бела, говореше прекрасната водителка Александра Пановска-Илиевска, облечена во комбинација со кожени панталони од најновата колекција.

Најпрво се заблагодари за честа да го води настанот, а потоа говореше за постигнатиот на успех на компанијата нагласувајќи дека 25 години успешна работа значат љубов кон професијата, посветеност, истрајност и изграден стил.

„Верувам дека модата е универзален јазик кој ни овозможува да го креираме и менуваме идентитетот, одбирајќи изглед кој ни дозволува да ги покажеме сопствените ставови и вредности. Oблеката на Бела говори за визијата која оваа модна куќа ја има за модерната и деловна македонска жена – женствена, самоуверена и софистицирана, а истовремено нежна и елегантна.“, меѓу другото истакна Пановска Илиевска. 

Помеѓу убавите зборови упатени кон модната куќа, прикажани беа и две интересни видеа кои присутните ги вратија низ времето и ги однесоа во сржта на работата на Бела. Претставен беше и новиот Бела клуб, интернет-простор, кој од модната куќа велат освен интересна содржина, ќе понуди и поволности за корисниците кои ќе отворат свој профил. 

Настанот беше крунисан со модна ревија на која беше прикажана новата колекција за есен/зима 2016-2017, а моделите ги носеа грациозните девојки од модното студио Црнокрак. Нијансите на црвена, кралската виолетова, монохроматските комбинации на црно и бело, и впечатливите дезени ја обоија модната писта, каде беа прикажани капути и палта, фустани, панталони и здолништа со беспрекорен дизајн и од луксузни материјали.

По ревијата одекна огромен аплауз, посветен пред сѐ на главната дизајнерка Весна Ендровска. По кратката програма гостите уживаа во пријатна музика и убавото друштво, а си заминаа и со подароци кои Бела ги подготви за секој од присутните. 

Покрај тимот на Бела, во реализација на настанот помогнаа и Nine West, студио Панаж, Зоран Шуревски – стилист и шминкер, Мелем продукција, фотографите Ани и Дими, винарницата Камник, Масива – маркетинг и адвертајзинг, 1 центиметар – веб девелопмент, Македонија експорт, Аркус – графички дизајн и принт, порталот Ladybook и ТВ21.   

 

jQuery Slider
При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови