Македонскиот ‘‘Бакал‘‘ е гастро ботаничко богатство!

Ресторанот Бакал, има навистина посебен амбиент, тоа е угостителски објект каде се внимава на најмалите детали, а сопственикот на ресторанот, Горан Симјановски со огромна страст и желба се труди се да биде совршено и проверено. 

Ресторан кој не ги заборава своите скромни традиционални корени, македонската традиција, чувството за фамилијарна топлина и потребата да се понудат неверојатно вкусни јадења, што предизвикува позитивните коментари од посетителите и од вистинските гурмани како за амбиентот така и за стандардните услуги.



Во ‘‘Бакал‘‘ секој ден на мени има свежо печено јагне, јаре, прасе, свежа риба како дел од традиционалните македонски јадења, како и интернационална храна, како подгорче, капама, ѓомлек, но и foie gras,magre, t bone steak, tatar beef и многу повеќе, за секого по нешто.



Специјално за потребите на ресторанот  се одгледува органски зеленчук, домашно младо козјо сирење, а една од содржините на угостителскиот објект е и домашната пекара, каде се произведува домашен леб и бели пецива.



Се прави р'жан леб од ржано брашно, мелено на камен, каде 90 % од лебот го содржи тоа брашно без никакви бои и адитиви, како и пченкарен леб исто така од пченка мелена на камен, а и неколку лебови по француска рецептура.

Во “Бакал” се чувствува духот на македонската традиција, гостопримството и љубезноста на Македонците, хедонизмот и страста за убави доживувања.

Ресторанот кој се наоѓа на само 15 минути од Скопје во тетовското село Брвеница,  поврзан со автопатот Скопје-Тетово, и идеално место за одмор и за странските туристи, кои патуваат за Охрид или некое друго туристичко место во Македонија.  

Нуди максимална интимност, а градината во него е нешто посебно. Црвени ливчиња на фотинии, липи, расцветени хортензии, и други цвеќиња и растенија од кои некои и за првпат ќе ги видите на ова место создаваат уникатен впечаток и волшебно чувство, како да се наоѓате во ботаничка јапонска градина.

Амбиентот е надополнет со вештачко езерце од кое се слуша жуборот на водата, кој дава посебен спокој, а од сите страни се простира зеленило и  хармонија од бои кои максимално опуштаат. По долг пат или напорен ден, нема подобро место за одмор и релаксација.

Бакал нуди топла, домаќинска атмосфера и извонредна храна што ќе го зачини вашето доживување, без разлика дали се работи за бизнис ручек, дружење со пријателите или романтична вечера со партнерот.

Во преубава атмосфера секој состанок се претвора во позитивно искуство и исклучително доживување. 

 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести