Во кој век треба да живееш и кое ниво на свесност да го имаш за да „украсиш“ со смет едно дрво?

1457 Views Октомври 7, 2016 Мој став Силвана Жежова

Градот ни е премногу загаден тоа е факт, а најголем виновник е човекот. И во 21 век, кога луѓето веќе купуваат плацеви на други планети, ние во нашето општество не ја научивм лекцијата каде се фрла смет.

Ука која патем му ја давате на дете кое се уште ниту презборело, ниту проодело.А, камоли да бидеме прогласени за „зелена земја“ како Словенија пред некој ден. Добро, можно ли е да сме толку нецивилизирани?

Сликата со сметот кој „краси“ едно младо дрвце на улицата пред Веро Џамбо која води кон Железничка, заменува илјада зборови, кои и доколку бидат напишани или кажани не можат да ја доловат простоќата, примитивноста и отсуството на свест за грижата за околината.

На тој пат, кој води кон Железничката и Автобуската станица поминуваат еден куп странци. Тој момент многу зборува за тоа каква култура и цивилизиран однос на граѓаните има во државата која ја посетиле.

Џабе сите пари за реклами за промоција на убавините, кога основното не го научивме!

Срамота и греота!

 

 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови