(Фото) еМагазин во Берлин: Ѕидот кој некогаш разделуваше, денеска обединува

Од Берлин за еМагазин, Петре Димитров

По 26 години од обединувањето на земјата, Берлинскиот ѕид, кој некогаш разделувал и било речиси невозможно да се помине, е главната туристичка атракција во германската престолнина.

Приказните поврзани со него денеска се повод за сполотување на германскиот народ, кој со години по завршувањето на Втората светска војна беше поделен.

Остатоците од ѕидот изграден во 1961 година од комунистичкиот режим на Источна Германија за да се оддели Западен Берлин, кој бил под контрола на западните сојузници, од источниот дел на градот и од остатокот од Источна Германија, која била под силно влијание на СССР, може да се сретнат насекаде.



Но, денес тие остатоци, кои и можат да се купат во многубројните продавници за сувенири, се само симбол на едно едно тешко време од Студената војна и одличен туристички бренд. 



Жителите на Берлин коментираат дека Германија сега има проблеми со други „ѕидови“. Мигрантската криза и многубројните бегалци кои легално и нелегално стигнаа и во Берлин се следниот голем предизвик за Германците, кои денеска се обединети, но сега мора да се оградуваат од други.

Нема дилема дека и Берлинчани, кои важат за либерални, имаат сериозни проблеми со многубројните бегалци и отворено изразуваат незадоволство од бегалската политика на Ангела Меркел, што се покажа и на неодамнешните избори.

Sидот ги разделувал Источна и Западна Германија точно 28 години и 1 ден

Падот на Берлинскиот ѕид беше првиот чекор во обединувањето на Германија кое заврши на 3. октомври 1990 година.



Sидот ги разделувал Источна и Западна Германија точно 28 години и 1 ден. Источна Германија ја започнала изградбата на ѕидот на 13. август 1961 година. Ненадејната изградба на ѕидот меѓудругото предизвикала и многу семејства да останат поделени.



Sидот бил целосно урнат кон крајот на 1989 година. Во овој период најмалку 136 луѓе биле убиени од граничните единици на Источна Германија обидувајќи се да пребегнат во Западен Берлин. 



На 9. ноември 1989 година, по неколку неделни граѓански немири, власта во Источна Германија објави дека сите нејзини граѓани можат да ја посетат Западна Германија и Западен Берлин.

Во текот на следните неколку недели, делови од ѕидот беа искорнати од одушевениот народ, а по неколку недели ѕидот речиси целосно беше отстранет со градежна механизација.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

(Видео/Фото) еМагазин во Берлин: Зоолошка без огради

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови