(Фото) CELIO, колекција за модерно секојдневие

2252 Views Октомври 12, 2016 Е-излог Редакција Емагазин

За есен/зима 2016, дизајнерите на Celio* посветуваат особено внимание на француското потекло на брендот. Боите на француското знаме се особено застапени во неколку носечки парчиња за сезоната – палтата со дворедно закопчување, џемперите, чино панталоните и полнетите зимски јакни. 

Во последните неколку сезони трендот на таканаречената „active wear” е сè позастапен не само за спортување туку и за динамичното секојдневие на современиот маж. Во оваа колекција доминантна е сивата боја, во комбинација со бела и црна, како и различните нијанси на зелена.

Колекцијата „Indigo” пак се фокусира на маици и кошули со разиграни принтови, неизбежните парчиња од џинс во кои доминира сината боја. За поформален изглед тука се колекциите “City” и “Soft” во кои можат да се најдат панталони, сакоа, кошули и блузи направени од удобни материјали, кои лесно се трансформираат од облека за во канцеларија до совршен изглед за викенд авантури. 

jQuery Slider
При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови