(Видео/Фото) еМагазин во Берлин: Зоолошка без огради

Од Берлин, за еМагазин, Петре Димитров

Нема дилема дека секое животно, ако веќе треба да биде во некоја зоолошка, би посакало тоа да биде во таа во Берлин.



Прво нешто што ќе приметите откако ќе влезете овде, е чуството како да сте во некој парк, некаде надвор од градот, во природа.

Веќе вториот момент приметувате дека мнозинството од животните не се во класични кафези. 

Стотици разновидни птици летаат околу Вас, и имате можност да видите како слонови или жирафи слободно се шетаат на нивните територии кои не се оградени.

Во зоолошката нема што нема. Има над 18.600 најразлични видови на животни од сите континенти. Од шимпанза, кенгури, ретки птици, алигатори, до пингвини, жирафи и слонови.

Постојат неколку посебни комплекси, каде на едно место можете да видете најразлични типови на мајмуни, на друго најразлични типови на птици, буквално од секаде.

Она што фасцинира овде е начинот на кој се грижат за животните. Храната со која ги хранат е транспаретно истакната, да ја види секој, за одредени животни се обезбедени идеални услови, од топлина до светлина, а се приметува дека зоолошката има и доста вработени лица, кои успеваат се да биде како што треба.

Во посебен дел од зоолошката можете да уживате и во аквариумот, каде можете да видете од ајкули, медузи до алигатори. Влезот во зоолошката во која можете да поминете убав ден чини 15 евра, а заедно со аквариумот 20 евра.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

(Фото) еМагазин во Берлин: Ѕидот кој некогаш разделуваше, денеска обединува

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести