(Фото) Како изгледа најубавиот ресторан во светот

2185 Views Октомври 13, 2016 Прошетај се Камелија Делија

Најубавиот ресторан во светот се наоѓа во Лондон. German Gymnasium ги отвори вратите во ноември 2015 година и победи во категоријата "Најдобар ресторан" на церемонија на доделување на наградите Restaurant & Bar Design. 


Наградите кои се доделуваат осма година по ред ги издвојуваат најдобрите места за храна и алкохол во светот. Лондонскиот ресторан се наоѓа во реновирана зграда меѓу станица King's Cross и St Pancras International.


Дизајниран е од архитектот Едвард Грунинг во 1864 година и е првата спортска сала во Англија. Тука се одржуваат првите Олимписки игри во затворен простор во 1866 година.


Пред отворањето на ресторанот зградата се користела за канцеларии, магацини и изложбен простор. 
Сега ресторанот располага со тераса на отворено, катче за колачи, Grand Café и Meister Bar.

Дизајнирано од Conran & Partners, ресторанот има неверојатен висок плафон и зачувал голем дел од оригиналниот ентериер во комбинација со модерни детали. 


Првиот кат на ресторанот им дава на гостите можност да уживаат во европски јадења од родениот во Германија главен готвач Бјорн Васмут и да пробаат источноевропски вина од мени составено од главниот сомелиер Виржил Дјогре. 


 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!