Замина во историјата: „Плус продукција“ на Велија Рамковски избришана од регистерот

1349 Views Октомври 13, 2016 Бизнис Редакција Емагазин

Централниот регистар на Република Македонија постапувајќи по пријавата за упис на бришење на друштвото за продукција, трговија и услуги Плус продукција ДОЕЕЛ Скопје донесе решение со кое овој субјект се брише од евиденцијата на регистерот.

Како причина за згаснувањето на фирмата која бепе во сошпственост на Велија Рамковски, кој е на издржување казна затвор се наведува затворањето на стечајната постапка.

„Со решение од 09.09.2016 година на Основниот суд Скопје 2 Скопје за запрена и заклучена стечајна постапка согласно чл.200 од Закон за стечај,истата се заклучува“. се вели во соопштението од регистерот.

"Плус продукција", ги издаваше весниците "Време", "Шпиц" и "Коха е ре". 

Пред неколку дена, Рамковски преку писмо објавено во медиумите, обвини дека се „монтира„ нов случај против него.

Фото: А1Он 

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Велија Рамковски: Власта сака да ме држи во затвор додека умрам

Случај „Пајажина“: Како завршија во затвор Велија Рамковски и неговите роднини и соработници

Ќерката на Велија, Емел Рамковска излезе од затвор

Се продава возниот парк на фирмите на Велија Рамковски

Бродот на Велија, повтoрно плови по Охридско езеро под името „Рагуса”

Мостот на желбите на Велија сепак ќе се руши, наесен ќе се гради нов

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови