(Фото) Уметноста на урбаниот џентлмен според MINI Clubman и Bоggi Milano

2418 Views Октомври 14, 2016 Е-излог Редакција Емагазин

Во шармантна фотосесија низ урбаниот метеж на Скопје, брендовите MINI и Boggi Milano ги дефинираат правилата и принципите на урбаниот џентлмен.

Новиот MINI Clubman, со својот зрел карактер е израз на стил и самодоверба. Благодарение на британскиот дизајн и одличното германско инженерство, новиот MINI Clubman зрачи со современи „џентлменски” манири и првокласни квалитети.  

Секоја педа е специфично урбана, уметнички изградена со неверојатна практичност. Со дополнителниот простор и флексибилноста, новиот MINI Clubman ја задоволува рационалноста и ги следи потребите на урбаните луѓе.

Шармантиот, италијански моден бренд Boggi Milano е најновиот член на широкото портфолио на Fashion Group. Приказната за Boggi Milano започува во далечната 1939 година, со идејата во секое парче облека да се преточи италијанската извонредност и тежнеење кон промоција на добро препознатливиот милански стил и квалитет насекаде во светот.

Денеска, сместен во центарот на градот Скопје, со подеднакво луксузниот HUGO BOSS, Boggie новатa модна дестинација за модерниот македонски џентлмен кој го сака убавото облекување, без разлика дали станува збор за формална или лежерна облека. 

Комбинацијата на овие два брендаја дава совршената доза на префинетост, умереност и страст, која со помош на фудбалерот Дарко Глишиќ, порталот Reborn и AD Photography е пресликана во правила на вистинскиот џентлмен.

Според нив секој модерен џентелмен треба да ги исполнува следниве каратеристики:

(1) Урбаниот џентлмен секогаш внимава на својот изглед.Џентлменот е добро облечен, внимава на сите детали и секогаш изгледа најдобро што може.

(2) Урбаниот џентлмен чита, секогаш е информиран и во тек со случувањата. Модерниот џентлмен е во тек со светот, со културата и светската политика. 

(3) Урбаниот џентлмен работи.Тој е вреден и посветен, ја сака својата работа, работи страствено и активно допринесува кон светот.

(4) Урбаниот џентлмен знае да готви. Џентлменот знае да избере добри состојки и да направи најмалку 3 добри јадења.Тој знае да одбере добро вино, ужива да готви за пријателите, но најмногу кога тоа го прави за својата дама.

(5) Џентлменот не ги заборава старите правила на џентлменство. Иако живее во модерно време, џентлменот знае дека негов најголем адут се старите добри манири.Вистинскиот џентлмен знае да избере и да и подари цвеќе на својата девојка и на својата мајка и е секогаш културен со сите.

(6) Урбаниот џентлмен останува верен на своето хоби и страст. Модерниот џентлмен е секогаш „исполнет“. Тој е посветен на своето хоби и го прави добро. Иако ужива во својата работа, ги разбира тежините кои доаѓаат со истата – затоа неговото хоби е неговиот издувен вентил.

Колекцијата за есен-зима 2016 на Boggi Milano, се одликува со темно сини нијанси, земјени бои, сиви и „бургунди“ тонови и елегантна црна боја. Класичниот и престижен изглед е претставен преку прецизната композиција на материјалите и вниманието посветено на деталите.

Строги кроеви, геометриски шари, карирани елементи со доза на екстравагантност е стајлингот кој го дефинира независниот и автентичен маж, претставен преку модните парчиња на Boggi Milano.

MINI Clubman е најголемиот модел на MINI досега, располага со исклучителна стандардна опрема со дополнителна истакната ширина. Тој е сега удобен за пет патници, има странична клуб врата и специфична дводелна врата во задниот дел која се отвора со сензор.

Модел: Дарко Глишиќ
Реализација: AD Photography и Reborn Македонија

jQuery Slider
При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови