Македонските компании не сакаат критики од корисниците

1556 Views Октомври 18, 2016 Мој став Редакција Емагазин

Нема дилема дека македонските потрошувачи се незаштитени. Џабе што некои од нив пријавиле дека се оштетени или изманипулирани од некоја компанија во испекција или во некое здружение за заштита за потрошувачи. 

Она што во најголем број од случаевите го добиваат во тој случај е дека ќе бидат дел од бројката која институциите ќе ни ја соопштат на крајот од годината.

Македонските компании многу сакаат да се „ќитат“ со тоа колку добра врска воспоставиле со нивните потрошувачи, (што е нели клучно), но во многу случаеви сме сведоци дека е тоа само пуста желба.

Имам еден пријател кој редовно коментира на фејбук страните на компаниите или на хотелите низ светот каде престојува, за квалитетот на услугата.

Интересно во неговата приказна е дека во најголемиот дел од случаевите неговите коментари за нездоволство од услугата кај македонските компании редовно се бришат. Ми вели: „Зошто тогаш отвориле Фејсбук страна? Јас само добронамерно ги критикувам, за да ја подобрат услугата, нормално кога има повод за тоа„.

Неговиот случај не е единствен.

Фејсбук и Твитер страните на македонските компании станаа издувен вентил за незадоволните корисници.

Бидејќи никоја институција не им излегува во пресрет, таму ако не друго можат да се ослободат од бесот.

Ама како што тргнале работите, нашите нарцосидни компании, наоѓаат начини и тоа да им го земат.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови