(Фото) Нова рекламна кампања за Bitsiani есен/зима 2016: Ретро шарм со модерна енергија

2692 Views Октомври 19, 2016 Е-излог Редакција Емагазин

Шармот на мажите и атмосферата од 60-тите во комбинација со модерни елементи и динамиката на денешното секојдневие е темата на која Bitsiani ја раскажува својата приказна за оваа сезона. Така, во сценариото на кампањата за есен/зима 2016 имаме современ маж кој знае да ужива во животот и сè што прави, прави со стил.

Колекцијата на Bitsiani e наменета за оние кои внимаваат на својот изглед, следат трендови, но во исто време сакаат да биде уникатни и да ја доловат својата единственост преку облеката и нејзиното комбинирање. 

За есен/зима 2016 во колекцијата преовладуваат темно сината и земјените бои, кроевите се строги и најчесто припиени до телото. Дезените и принтовите се застапени за разигран изглед, но за оние кои претпочитаат едноставност, тука се и еднобојните парчиња.

Типично за Bitsiani, секоја комбинација е дополнета и збогатена со модни додатоци како џебни марамчиња, шалови, марами, вратоврски, шапки итн. 

Како најсоодветна локација за темата на кампањата оваа сезона и како ново и особено интересно место во градот го избравме ресторанот FOUR, дел од новоотворениот Park Hotel&Spa, кој со својот впечатлив ентериер и мешавина на топли бои и софистицирани парчиња мебел е одлично дополнување на концептот за сезоната. 

Fashion Group има постојан тим на соработници на кои им верува и со кои смета дека го добива најдоброто од сè што работи, па затоа и оваа фотосесија е изработена од фотографското дуо Ани Дими, модел е Андреј Клинчаров, а за шминка и фризура се погрижи Маја Саздановска.  

Кампањата за Bitsiani за есен/зима 2016 е последната од неколкуте кампањи, едиторијали и каталози кои Fashion Group ги продуцира за различни рекламни цели. Иако соработката со матичните куќи на брендовите кои ги застапува е постојана, домашниот талент и квалитет треба константно се поддржуваат за да може да дојдат до израз и да го дополнат позитивниот имиџ на секоја модна марка, која е дел од групацијата. 
 

jQuery Slider
При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови