(Фото) Промовиран македонски бренд „Si-miami“ кој зборува за љубовта и верноста на ташната кон жената

Македонски бренд на ташни „Si-miami“ беше промовиран синоќа во винскиот клуб „Мулино“.

Како што зад секој  бренд стои одредена приказна, голем број на деловни и успешни жени во општеството присуствуваа на овој несекојдневен убав настан, за да ја слушнат приказната за создавањето на „Si-miami“ зад кој стојат Светлана Петровска и Ирена Николовска.

Тие овој бренд го создадоа со љубов мотивирани од личната потреба за креирање ташни кои ги следат потребите на современата жена.

Ташните од брендот „ Si-miami “ зборуваат за љубовта и верноста на ташната кон жената. И „miami“ кој се содржи во зборот на брендот, всушност означува „ме сакаш“.

Ташната во раката на жената ја чува нејзината приватност, нејзиниот свет и таа е нејзин личен одраз.

 „ Si-miami“ се со врвен квалитет произведени ташни од италијанска кожа, а имаат модерен дизајн. Оваа колекција може да се најде на веб страницата si-miami.com и да се порачаат од секаде во светот. Идејата, како што велат креаторките, е овој македонски бренд да се извезува во светот. Од светот се донесени многу новитети овде, а зошто не одреден новитет да се извезе и надвор.

Светлана Петровска е успешна бизнис жена која на јавноста и е позната по тоа што беше маркетинг директор на „Мобимак“ а веќе десет години ја води консултантската компанија „Таргет комјуникејшнс“.

- Во овој бренд го вложивме сиот наш ум и знаење. Се вративме на почетоците, посетувавме часови, нашата работа беше оценувана од професори. Нашата визија ја исполнивме преку оваа колекција со која сакавме да постигнеме персонификација и уникатност. Бренд кој нема вие да го носите, туку тој вас – изјави Петровска.

Ирена Николовска која е професор на „Американ колеџ“ за ташната има само три збора а тоа се емоција, љубов и индивидуалност на жената.

Тие веруваат дека ташната како неделлив дел од животот и стилот на една жена е воедно и нејзин најдобар пријател. Во себе ја чува нејзината приватност, а со изгледот комуницира со надворешниот свет, дава нејзин белег и го штити нејзиниот стил.

 

jQuery Slider
При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести