Диме Спасов: Информациите за наводна сообраќајна незгода со последици се груби дезинформации

„Во врска со одредени наслови и текстови на портали кои денеска беа објавени, за наводна “тешка сообраќајна незгода со последници” должни сме да реагираме, бидејќи истите се базираат на невистини, шпекулации и груби дезинформации кои очигледно се смислени за да наштетат на угледот на дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика“, пишува на Фејсбук профилот на заменик министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

„Опозициските портали дрско и непоткрепено манипулираа дека се случила тешка сообраќајна несреќа со настанати штети што е целосна невистина. За овој типичен пример на организиран и координиран напад поттикнат во политички цели против дополнителниот заменик министер во наредните денови не е исклучено и поведување постапки пред надлежните судови за докажување на вистината“, стои во реакцијата на профилот на Спасов.

Неколку медиуми објавија дека наводно Спасов синоќа во скопската населба Тафталиџе, возејќи џип „туарег" со скопски регистарски таблички, во алкохолизирана состојба, удрил во паркирани возила на улицата Алжирска, повикувајќи се на очевидци и на извори во МВР.

Од Министерството за внатрешни работи потврдиле дека доцна синоќа на улицата „Алжирска“ се случила сообраќајна несреќа и дека возачот на возилото што ја предизвикало несреќата избегал од местото на настанот и дека бил во алкохолизирана состојба, пренесоа неколку медиуми.

Се очекува денеска МВР да соопшти повеќе детали за овој случај.

Фото: Фејсбук/Диме Спасов

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Веста за сообраќајката на Диме Спасов го обиколи Балканот

МВР официјално за сообраќајката на Диме Спасов

(ВИДЕО) 24 вести објави видео од оштетеното возило по синоќешната сообраќајка

(ВИДЕО) Шилегов: После сообраќајката со службено возило, Диме Спасов избегал

 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.