Колкава материјална штета треба да предизвика Диме Спасов за да си поднесе оставка?

9969 Views Октомври 31, 2016 Мој став Редакција Емагазин

Викенд авантурата на Диме Спасов, поранешниот млад министер, сега дополнителен заменик за труд и социјална политика остави еден куп неоодговорени прашања.

Од неговата партија дознаваме дека материјалната штета од ударот во две коли е 150 евра, но не дознаваме зошто возел службен автомобил вон работно време, зошто избегал од полицијата, во каква состојба бил, во кое својство со него била придружничката во возилото, зошто наводно бегал од лоши криминалци Албанци, зошто тие баш него го бркале, зошто по неколку часа друго лице се пријавило дека го возел автомобилот...

Диме Спасов и ги должи на јавноста овие одговори, не само поради тоа што врши јавна функција и треба под итно јавно да ги одговори, туку и поради тоа што доаѓа од партија која на големо пропагира морал, семејни вредности, одговорност, безбедност во сообраќајот...

Спасов не е прв функционер на кого ќе му биде тешко јавно да се соочи со тоа што го направил и во најмала рака да понесе одговорност со поднесување оставка. И други пред него, а и после него ќе го имаат истиот проблем, од проста причина што нашите функционери се скарани со моралот и одговорноста.

Секој човек може да згреши. Како што вели народната кога некој си ја признава грешката, половина му е простоено. Затоа Спасов како прво треба да признае дека згрешил, а потоа и да и се извини на јавноста за циркусот кој го гледавме викендот. 

И да побара прошка, па народот ќе одлучи дали ќе му ја даде.

А по тоа да одговара за прекршоците пред законот, кој нели важи подеднакво за сите.

Фото: МИА

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ се занимава со сообраќајна незгода со материјална штета од 150 евра

Диме Спасов поднел пријава-поплака за напад од неколку лица, тие негираат инволвираност 

Диме Спасов даде исказ во полиција

Веста за сообраќајката на Диме Спасов го обиколи Балканот

МВР официјално за сообраќајката на Диме Спасов

(ВИДЕО) 24 вести објави видео од оштетеното возило по синоќешната сообраќајка

Диме Спасов: Информациите за наводна сообраќајна незгода со последици се груби дезинформации 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови