Компанијата „Логин системи“ прослави 25 години постоење

На 1 ноември пред 25 години започна првиот работен ден за „Логин системи“, македонска компанија за креирање и одржување на деловни ЕРП решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV (НАВ).

Во „Логин системи“ работат професионалци со богато информатичко и бизнис искуство, а сопственичката структура се состои од две индивидуални лица и американскиот инвестициски фонд SEAF.
 
„Започнавме како компјутерска училница за обучување на DOS, Windows, Word и Excel - беше прва од таков вид во Македонија. Освен обуката за возрасни и деца, изработувавме софтвер за сметководство и магацинско работење кој го користеа неколку десетици фирми во 90тите“, се присетува Венко Глигоров, основач, содружник и генерален менаџер во „Логин системи.“

Тој вели дека во втората половина на 90-те години ги поврзале сите банки и Народната банка во еден систем за аукција на депозити.

„Пред појавувањето на Интернет во Македонија, направивме Инфо-изводи, систем и апликација за организациите за компјутерско преземање на изводи од Заводот за платен промет - овој сервис и апликација го користеа 300 најголеми и најуспешни фирми во Македонија. Инфо-изводи беше претставено на сајтот на Microsoft како иновативно решение рамо до рамо со неколку други меѓународни финансиски институции,“ додава Глигоров.
 
Првата декада од 21 век Логин Системи прерасна во водечки регионален дистрибутер на брендови како што се Microsoft, HP, EMC, Nortel, Cisco Systems, Canon и редица други светски лидери во својата област. Како дополнување на дистрибуцијата во Македонија, Косово и Албанија, Логин Системи обезбедуваше услуги на сервис за HP, беше кол центар на Microsoft, поставуваше серверски системи базирани на Windows Server, SQL Server како и вршеше имплементирање на ERP системи базирани на Dynamics NAV. 

Благодарение на напорната работа и успешните резултати, „Логин системи“ влезе во групата на ТОП200 најголеми компании во Македонија во 2004, а 2009 година беше прогласена за Супер бренд во Македонија.
 
Покрај деловните активности, Логин Системи е активен учесник во општествените активности и како таква беше иницијатор за укинување на царините и намалување на данокот за софтвер, а подоцна и за компјутерите.

Менаџментот на Логин Системи е иницијатор и основач на асоцијацијата МАСИТ во 2000 година, го даде де-факто првото претседателско место во Сојузот на Стопански комори (2004) и иницијатор и основач на меѓународната невладина организација Македонија 2025. 
 
„Се присетуваме на минатите години, учиме од грешките, се засилуваме од успесите, а сега е моментот да мислиме на иднината ... на идните 25 години.Нашата мисија е да ги опремиме фирмите и организациите со софтверски ЕРП решенија и balanced scorecard ... да бидеме секогаш лидери во тоа што го работиме,“ завршува Венко Глигоров.

Извор: www.loginsystems.biz

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести