(Фото) Најубавите историски замоци во светот

Изградени за да ги заштитуваат кралските семејства, античките замоци поседуваат неминлива убавина. И ако предходно тие биле само за кралските семејства, денес вратите им се отворени за посетители.

Видете кои се најубавите замоци во светот:

Алхамбра, Шпанија



Алхамбра е тврдина и архитектонски комплекс во Гранада, јужна Шпанија, и припаѓа на маверскиот период. До 1492 година Алхамбра е резиденција на маверските владетели, а во моментов е споменик на исламската архитектура.

Замокот Алнвик, Велика Британија



Овој убав замок се наоѓа во округот Нортемберленд. Позицијата на двете главни згради е во вид на прстен, а по средината има мал двор. Тој е декор на тврдината Хогвартс од првите два дела на филмот Хари Потер.

Aрг е Бам, Иран 



Во 2003 година дел од неа беше уништен, но како дел од светското културно наследство УНЕСКО, започнува нејзиното бавно обновување.

Замокот Бларни, Ирска



Во Бларни има четири главни туристички атракции - замокот, камени споменици Бларни и ботаничка градина. За каменот има верување дека ако човек го бакне, се здобива со даровите на елоквентност и убедителността.

Замокот Бран, Романија



Познат како замокот на Дракула, денеска Бран е музеј, отворен за посетители, кои можат да ги разгледаат уметничките предмети и мебелот, собрани од романската кралица Марија.

Цитаделата во Каиро, Египет



Исламската тврдина била дом на египетските владетели цели 700 години, но денес нејзините три џамии и бројни комори се отворени за посетители.

Замокот Самезано, Италија



Изграден во 17 век, овој замок е обновен и проширен во годините по 1847 година. Сите соби се умно украсени и декорирани и носат различни имиња и пораки.

Замокот Шамбор, Франција



Ова е еден од најубавите француски замоци, симбол на ренесансните архитектура. Изграден е во 16 век. Зад ѕидовите на замокот се кријат парк и убави градини.

Замокот Единбург, Шкотска



Замокот Единбург се издига врз карпите на замокот Рок. Иако претрпе неколку рестарвации и реконструкции, тој се уште ја чува проектантската си автентичност.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Камелија Делија

Камелија Делија новинар кој ги запазува сите новинарски стандарди.Обожава вино, а и да се чекира!