Нова димензија на свежина: Фуд Бар, нов и иновативен концепт за секојдневната крцкава ужина

13617 Views Ноември 4, 2016 Check in Редакција Емагазин

Македонската компанија Фуд Бар од неодамна се појави на македонскиот пазар со интересна палета на свежи и здрави производи, т.е со палета на спакуван исклучиво македонски зеленчук, а најавуваат и наскоро интересни производи од свежо македонско овошје.

Во палетата на Фуд Бар, ќе можете да најдете свежо спакувана рукола, микс зелена салата, мини моркови, како и палетата на спакувани китки нане, босилек, копар, магоднос, француски магодонос и рузмарин.

Она што на нас ни го привлече вниманието на рафтовите во маркетите се мини морковите, кои навистина се нов и интересен концепт за здрава ужинка.

Овие мини моркови веќе неколку години ги има на европскиот и американскиот пазар. Целта на нивното производство не е да се избегне брзата храна, туку да се консумира здрава храна на истиот начин. Низ странските пазари мини морковите може да се најдат во многу различни пакувања и послужувања, погодни за секој момент.



Мини морковите на Фуд Бар, изработени исклучиво од македонски моркови, се преполни со витамините А и Е. Тие нудат прекрасен почеток на денот, појадок кој навистина може да освежи и расони.

Динамичноста на модерното живеење најчесто не остава време за подготовка на најважниот оброк во денот.

Некогаш се воспоставува утринска рутина со која може да се најде време да се подготви појадокот. Тоа е одлична практика за да се даде енергија на телото до ручекот, особено за работно активните лица, спортистите, студентите, како и децата.



Витамините, свежината и многуте начини на подготовка ги прават мини морковите една од најразновидните храни на пазарот. Воедно, и пристапноста на нивното консумирање може да го олесни начинот на исхрана на секој, во кој и да било дел од денот. Децата ги обожаваат, на постарите им даваат енергија, а и милениците не можат да им одолеат.

Мини морковите на Фуд Бар се подготвени со 100% природен и здрав процес, преку неколку фази на миење на истите, потоа пилирање и сецкање во форма на мини моркови и повторно миење пред пакување. Истите задолжително треба да се чуваат во фрижидер на температура од 2 до 5 степени, поради задржување на свежината.

Друга придобивка од ваквото пакување на свежи моркови е и практичноста не само да се користат за појадок туку и за ужина. Веќе измиени, излупени и спакувани мини морковите претставуваат одлична брзо подготвена и веднаш достапна храна која може да се купи директно од продавница во било кој дел од денот и да се чува во канцеларија за секој момент. Тие можат да се јадат во секој дел од денот исто како секое мало компактно пакување на храна.

Оваа брза свежа храна може да се користи и како прилог во главните јадења, додаток во исхраната на најмалите, во блендиран зеленчук и овошје, дури и со скара.

Мини морковите се еден од наједноставните зеленчуци за подготвување. Со зачин по избор може да се печат во рерна и на скара и за брзо време се добиваат мали, портокалови, крцкави и цилиндрични стапчиња кои можат да се послужат на било каков начин.



Постои еден рецепт кој е посебно уникатен. Со додавањето на путер, мед и кафеав шеќер на сварени мини моркови се добива вкус кој изненадува со својот баланс на свежина и благо. Во мини морковите може да се ужива во секоја ситуација независно дали се гледа натпревар, филм, или се ужива во природа.

Придобивките од мини морковите и останатите производи на Фуд Бар се одличен начин како секој може да ужива во здравата храна на брз и едноставен начин, согласно динамичниот начин на живот и спречувањето за посета на зелените пазари во утринските часови. Произвводите на Фуд Бар може да ги најдете во маркетите Рамстор, Веро, Тинекс и Гранап.

Повеќе информации на официјалниот профил на Фејсбук.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови