Работи кои не сте знаеле дека можете да ги направите во Албанија

Албанија често се потценува како туристичка дестинација, а не треба да се потценува.Земјата ги носи трагите од комунистичко минато, но во последните децении ситуацијата е променета. Наместо да патувате во Грција, Италија и Хрватска, зошто да не одите во Албанија? 

Еве неколку работи кои не знаете дека можете да направите во оваа земја. 

1.Да се излежавате сами на плажа
Кога ќе слушнете Албанија, веројатно не ви доаѓа на ум, дека таму има плажи, а би требало. Земјата има околу 476 километри крајбрежје на водите на Јадранско и Јонско море. 

2. Да каснете неверојатно вкусна морска храна 
Албанската кулинарски традиција е под влијание од кујната на Турција, Грција и Италија. Тоа на нејзе и дава одреден шарм. Не пропуштајте ја можноста да седнете во некое крајбрежно ресторанче и да пробате од неверојатно вкусната морска храна. 

3. Да си приредите патување низ планината 
Не двоумете се да го посетите езерото Коман или пак долината Валбона. Тоа се прекрасни места за љубителите на планинарење. Погледите ќе Ви го одземат здивот. Има патеки за напредни, како и за почетници планинари. 

4. Да ги истражувате подземните бункери 
Албанија е позната по своето комунистичко минато. Од 1944 до 1985 година земјата е управувана од диктаторот Енвер Хоџа, кој е одговорен за смртта на илјадници луѓе, меѓу кои цивили и научници. Сите тие се прогласени за непријатели на народот поради политичките визии. Како дел од тоа минато денес можете да ги истражувате подземните бункери. Такви има во главниот град Тирана. Еден од нив е претворен во музеј и арт галерија. Изграден е од армијата, за да засолништа диктаторот и најважните луѓе во земјата при нуклеарен напад.

5. Да се види активна тврдина
Одете во Берат по темно и ќе видите нешто што многумина го заборавиле. Тука функционира вистинска тврдина. Берат е стар град кој нуди систем од лавиринти од патеки, кои многу туристи ги наоѓаат за неверојатни. 

6. Да консумирате домашно вино 
Во древните времиња овој дел од Европа е класифициран како трет најдобар за производството на вино. Денес албанското вино не е меѓу популарните, но вреди да се премислите и да дојдете тука за да дегустирате на лице место. Климата е идеална за одгледување на разни сорти на грозје.

7. Да купувате антиквитети 
Непосредно надвор од главниот град, во градот Кружа, деновиве можете да уживате во пријатната турнеја во Античка тврдина. Тој е претворен во музеј, а најинтересно е дека можете да си купите различни антиквитети. Можно е да најдете интересни предмети за домаќинството, чие потекло датира векови наназад.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести