Бигорски доби скапоцен дар од зографи од Бугарија

Македонското древно светилиште „Свети Јоан Крстител“ попознат како Бигорскиот манастир, добил скапоцен и редок дар од двајца зографи од Бугарија, кои изработуваат икони во подзаборавени иконографски техники, слична на древните мајстори.

Станува збор за икона со ликот на Светите Кирил и Методиј, што Димчо и Антонија Димчовски од Република Бугарија и ја подариле на Бигорската Обител.

- Торжествениот и достоинствен пречек ја покажа неизмерната почит, љубов и благодарност на нашиот Старец, Архимандрит Партениј, и целото братство, кон апостолското дело на Светите Првоучители и Покрстители, а големата благодат што притоа се излеа, несомнено сведочи за духовното присуство на овие наши возљубени Пастири на родот словенски, велат од бигорската обител.

Токму затоа, додаваат, краткото поздравно слово на Старецот беше исполнето со голема благодарност кон Бога, Светиите и сите оние што ни ја овозможија оваа голема радост.

Според нив, Димчо и Антонија Димчовски се неверојатно надарени зографи, живеат и работат во малото планинско село Гостилица и изработуваат од минијатура, па до царски икони, и тоа во традиционален византиски стил, користејќи злато, сребро, опков, емајл, бисери, полудраги камења и друг материјал. 

МИА/Фото: Bigorski.org.mk

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести