(Фото) Прва затворена ласер таг арена во Скопје

4068 Views Ноември 18, 2016 Check in Редакција Емагазин

Од неодамна во скопје функционира првата затворена ласер таг арена. Ласерхант забавен центар се протега на 1000 метри квадратни и овозможува адреналинска, забавна и натпреварувачка игра. 



Можете да се движете низ лавиринти, платформи, тунели...

Арената се наоѓа на улица Мариовска 21 во Кисела Вода.

Располага со 20 “Laserforce“ елеци и фејзери.

Ласер таг играта трае околу 15 минути, а е исполнета со забава, акција и високо адреналинско искуство каде со сигурност ќе согорите над 200 калории.



Играта во Ласерхант арената нуди повеќе од само ласери и елеци. Благодарение на врвната технологија од реномираната Австралиска компанија “Laserforce“ добро позната од серијата “How I Met Your Mother“, овозможен е широк спектар на технолошки решенија кои се поставуват во внатрешната арена, а истите ја прават играта да се доживее ултра реално и забавно.

Опремата нуди голем комфорт и прецизност и е изработена материјали кои не се штетни по здравјето.

Повеќе инфо на нивната Фејсбук страна и на нивната официјална страна.

Фото: Ласерхант забавен центар/Фејсбук

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови