Колку валкана ќе биде изборната кампања?

Денеска стартува изборната кампања. Политичките партии реално веќе подолг временски период се во еден вид кампања, а очекувањата се дека оваа изборна кампања ќе биде една од највалканите и дека учесниците нема да се штедат во „битката“ и покрај тоа што вчера потпишаа кодекс за фер и демократски избори.

Колку ќе го почитуваат ќе видиме следниве денови.

Како што веќе најавија партиите, ВМРО ДПМНЕ, традиционално кампањата ја започнува денеска со митинг во Охрид, а СДСМ ја стартува во Прилеп. 

ДУИ ја стартува кампањата во Липково, а Коалицијата „ВМРО за Македонија“ ја почнува кампањата утре во Охрид.

„Коалицијата за промени и правда“, ја стартува кампањата денеска во Скопје. 

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Детален преглед: Колку пари ќе потрошат партиите на рекламирање на билборди

Покрај имињата на гласачите на Избирачкиот список ќе има и нивна фотографија

Во која изборна единица има најмногу, а во која најмалку гласачи

Во дијаспората ќе се гласа на 41. изборно место

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови