Ќе донесе ли Нова година продажба на две големи банки во Македонија?

3962 Views Ноември 22, 2016 Наша тема Никола Осило

Ќе донесе ли новата 2017 година продажба на две големи банки во Македонија е прашање што како што изминуваат последните денови од годинава ќе станува се поактулено ако се земат предвид неодамнешните најави од Словенија и Грција дека се крчка продажба на НЛБ Љубљанска банка односно на НЛБ банка во земјава и на регионалните банки во сопственост на грчката Национална банка односно на Стопанска банка АД Скопје.

Имено, словенечката Влада до крајот на 2017 година би требало да продаде мнозински пакет од 75 отсто од НЛБ Љубљанска банка.

Тамошните медиуми пишуваат дека Владата има оптимистички очекувања од над 900 милиони евра за доминатниот пакет, што според могумина е нереална вредност. Како главна маана на банката се 800-те милиони евра ненаплатливи побарувања, кои банката веќе се обидува да ги оттуѓи.

Според првичните најави продажбата би се реализирала преку јавна понуда на акции, за која интерес наводно веднаш покажале големи светски банки.

Со оваа одлука на словенечките власти која треба да се реализира до крајот на наредната година ќе има промена и во сопствеоста на една од трите најголеми банки во Македонија, НЛБ банка, каде што словенечката НЛБ поседува 86 отсто од акциите.

Истовремено, тоа ќе доведе и до промена на сопственоста во еден од приватните пензиски фондови Нов пензиски фонд каде што НЛБ банка е доминантен сопственик.

Од друга страна, полека истекува рокот до кој Грчката национална банка би требало да се ослбоди од своите удели во банките во странство.

Имено, грчки Катимерини пред извесен период објави дека грчката Национална банка до 2018 година мора да го продаде својот удел во банки во странство, вклучително и во Македонија каде е доминантен сопственик на Стопанска банка АД Скопје. Катимирени се повикува на нацрт план на Европската комисија за реструктуирање на грчкиот банкарски сектор.

Нацрт планот за реконструрирање предвидувал Националната банка на Грција да може да го задржи своето присуство во Турција преку одржување на мнозинскиот удел во Финансбанк, но до јуни 2018 година да мора да се повлече од сите останатите пазари во Југоисточна Европа на кои е присутна, Македонија, Албанија, Бугарија, Романија, Србија, но и од Јужна Африка и Египет.

Според договорот со Европската комисија како што објави Катимерини, Националната банка на Грција се согласила да го намали и бројот на експозитури во Грција на 550, а бројот на вработени на 10.700.

Од Стопанска банка Скопје по објавата на Катимерини реагираа дека не постојат официјални информации околу евентуална промена на сопственичката структура на банката.

Инаку, двете банки уриваат рекорди кога е во прашање добивката, така што тоа сигурно ќе влијае и на цената во евентуална продажба на нивните матични банки.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Стопанска банка успешно ќе одговори на сите предизвици и при евентуална продажба

За девет месеци Стопанска банка Скопје има добивка од 1,855 милиони денари

Пораст од 43%: НЛБ банка со рекордна добивка од 18 милиони евра

Стопанска банка Скопје ќе дели дивиденда

Во милионска блок-трансакција продадени 4.000 акции од Стопанска банка Скопје

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!