(Галерија) Spriengfiеld зима 2016

2560 Views Ноември 25, 2016 Е-излог Редакција Емагазин

Доаѓањето на првите зимски денови и намалените температури значи и промена во начинот на облекување, односно нови комбинации за удобен, но во исто време шик изглед.Springfield за овој период од  годината нуди парчиња кои имаат современа интерпретација на класичните модели, а се практични и трендовски.

За мажите палтата и капутите доаѓаат во повеќе различни форми, може да се комбинираат на повеќе начини и да се пилагодат на личниот стил. 

Парка јакните се одлична опција за секојдневно, лежерно облекување. Тие доаѓаат во разновидни бои, должини и материјали, а за сите карактеристични се многуте џебови. Одлични се во комбинација со блуза, џемпер и фармерки. 

Бомбер јакните се актуелни и оваа сезона, па така во Springfield може да се најдат неколку верзии од овој модел – со заоблена силуета и порабување во темно сина или кафена боја, класични од превртена кожа или пак во топли, земјени тонови. Комплетирањето на изгледот е навистина лесно – карирана кошула, маичка со принт и панталони се доволни за да оставите одличен, моден впечаток. 

За оние кои претпочитаат комбинирање и на формални парчиња во лежерниот стајлинг, достапни се и капути во сива, кафена и темно сина боја со качулка која може и да се отстрани. Фармерките и така наречените “jogger” панталони и еднобојните џемпери се совршено дополнување на изгледот. 

Да се изгледа кул на минусни температури бара умешност во изборот на гардероба, но и вештина за добро комбинирање на зимските парчиња. Во Springfield, за зима 2016 можете да најдете идеални модели за релаксиран и автентичен изглед.

Клучното парче за есен и зима – џемперот, оваа сезона доаѓа со различни мотиви и дезени. Ваквиот џемпер е одличен за комбинација со ултра трендовските плисирани здолништа и бели, едноставни патики за сосема лежерен изглед. 

Бомбер јакните остануваат актуелни и кај девојките, а како зимска варијанта Springfield ја нуди полнетата темно сина јакна или пак црна со ефект на кожа.

За девојките кои не сакаат да останат незабележани на градските улици, особено интересен трендот на металик парчиња и светкави детали. Подгответе се да заблескате со највпечатливата облека за оваа зима.

Без разлика дали ќе одберете блуза со светкави додатоци или пак светкав фустан во комбинација со бомбер јакна и чизми до глужд за целосен гламурозен изглед, сигурни сме дека вашиот стилски избор ќе остане запаметен. 

 

jQuery Slider
При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови