Како да постигнете оргазам од кој ќе трепери целото тело

1026 Views Ноември 26, 2016 18+ Редакција Емагазин

Сексуалниот терапевт Андреа Пенингтон во својата најнова книга  „The Orgasm Prescription for Women” дава совети за постигање на оргазам од кои целото тело трепери, а гарантира дека ќе имате почесто од порано.

Вклучете го мозокот во сексуалната игра

Што повеќе ментално сте возбудени, мозокот ќе носи повеќе крв до вашата вагина, така што повеќе ќе уживате.

Исчекување со долга предигра

Што повеќе сте возбудени, полесно ќе достигнете оргазам. Најдобро е предиграта да започне подолго пред сексот.

Уживајте во „оралните специјалитети“

Жените полесно доживуваат оргазам кога е вклучено и орално задоволување, па така дозволете му на партнерот што подолго да се задржи долу.

Врзете ги очите

Кога сетилото за вид е блокирано, интензитетот на останатите сетила е зголемен. Сетилата за допир, мирис, звук ќе бидат посилни а со тоа и оргазмот поинтензивен.

Бидете гласни

Испуштањето на звуци,за многу мажи претставува вистинска возбуда Тоа им помага да знаат кои движења ви носат најмногу уживање.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови