Заборавената состојка која го збогатува секое јадење – свежиот зачин!

Збогатениот вкус на секое јадење доаѓа од користењето на свежи билки. Додека, гурманите низ целиот свет уживаат во збогатениот вкус низ специјализирани ресторани, во Македонија тој вкус го наоѓаме во добро познатите традиционалните јадења.

Билките ѝ даваат свежина и боја на храната и воедно ја исполнуваат со нутритивни вредности. Секоја билка во јадењето си има сопствен спектар на витамини и антиоксиданси. Сувите и спакуваните билки се најпрактични за користење, но поради процесот на сушење тие губат голем дел од своите нутритивни вредности.

На пазарот во Македонија навистина ретко се наоѓаат свежи билки. Понудата е ограничена и се сведува на сувите билки. Богатството на традицијата повторно се јавува низ маркетите со последната линија на производи на Food Bar.

Проширувањето на палетата производи на Food Bar продолжи со пакување на свежи билки кои го имаат класичниот вкус и ги задржуваат сите здрави состојки. Отсега на пазарот достапни се следните билки: рузмарин, нане, магдонос, жалфија, копар, босилек, мајчина душица и француски магдонос.

При готвењето, секој се води од сопствениот вкус без да посвети особено внимание на здравите состојки кои ги нудат овие билки. Секоја билка има извонредни вредности кои, покрај значителното подобрување на вкусот на храната, содржат состојки кои се многу здрави за организмот.

Една од билките која најчесто се користи во исхраната е свежиот магдонос. Истражувањата покажуваат дека оваа билка поседува состојки кои го заштитуваат ефективното работење на мозокот. Магдоносот има кверцетин кој ги штити ќелиите во мозокот од згрутчување. Воедно, богат е и со полифеноли кои ја чуваат кожата од сончеви зраци и изгореници.

Рузмаринот се одликува со прилично интензивен вкус и претежно се користи во медитеранската кујна што дава специфична арома на јадењето. Придобивка од оваа билка е лимитирање на зголемувањето на килограмите и подобрување на нивото на холестеролот. Оваа карактеристика на рузмаринот се должи на значителните количини на антиоксиданси кои ги содржи.

И нането изобилува со здрави состојки и е препознатливо по свежиот вкус. Често се користи свеж како додаток во салати, освежителни пијалоци со овошје и како додаток во слатки. Исто така е еден од најлековитите чаеви кои со високата концентрација на ментол што помага при дигестивните проблеми и при лечењето на благи главоболки.

Босилекот, пак, е една од најнежните билки кои се одгледуваат. Листовите многу лесно може да се искршат и да ги изгубат од нутритивните вредности. Затоа, листовите најчесто треба да се додаваат после подготвениот оброк за да се задржи маслото еугенол кое помага против воспаленија. Босилекот ги спречува ензимите во организмот кои предизвикуваат отеченост.

Витамини, антиоксиданси и многу други предности лежат во билките кои порано секојдневно се користеле. Модерните производствени капацитети сé почесто нé оттргнуваат од свежите билки и поради таквите чекори нé ограничуваат во здравите навики кои се негувале во минатото.

Food Bar имајќи ги предвид овие ограничувања ги оживува традициите на минатото и, благодарение на внимателната селекција и начин на пакување, ги зачувува здравите состојки на билките.

Food Bar го фокусира своето внимание на секоја карактеристика на билката и при самото пакување не ги врзува стеблата на овие билки со цел да не го намали протокот на нутритивните состојки во листовите. Food Bar производите се веќе во продажба низ големите супермаркети и се достапни за сите оние што негуваат страст за внесување природни зачини во секојдневата исхрана.

Food Bar, кога времето е кусо!

Повеќе информации за нивните продукти можат да се најдат и на официјалната Фејсбук страна.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови