Фејсбук повеќе им помага на македонските граѓани, отколку институциите

2803 Views Декември 1, 2016 Мој став Редакција Емагазин

Освен што им станаа сериозна конкуренција на медиумите, социјалните мрежи во Македонија веќе подолго време пластично им покажуваат и на државните институции како треба да изгледа грижата за секој граѓанин на оваа земја.

Поразително е што додека да регираат институциите, потонати во нефикасноста и процедурите, дестици деца во земјава собраа помош за лекување со помош на шерови на статуси на Фејсбук и со смс пораки.

Поразително за државата е што нејзините граѓани побрзо се организираат и регираат за време на елиментарни непогоди, а државните институции кои сите ние ги плајќаме и кои треба да не чуваат и да се грижат за нас, најчесто доаѓаат предоцна.

Свеж пример се неодамнешните поплави во скопско.

Граѓаните преку групата на Фејсбук, Хуманитарна помош за поплавените семејства во Скопје, покажаа како рамноправно се дели помош за настрадани и колку брзо може да се реагира ако се сака.

Граѓаните преку разни групи и апели на Фејсбук им покажаа на институциите како се помага на луѓе на кои им треба нова куќа, немаат што да јадат, немаат струја, немаат вода...

Најновата група на Фејсбук Дај, не фрлај покажа колку нашите граѓани сакаат да помогаат, но и на колку многу луѓе им требаат основни работи.

Или како што вика една моја колешка: „Абе остај. Да е жив и здрав Фејсбук за вакви работи“.

Се прашувам зошто постојат одредени институции во земјава, кога очигледно повеќето работи си ги завршуваме сами. Во која реалност живеат тие? Знаат ли што ни треба? Знаат ли на кој му треба помош?

Повеќе од јасно е дека првенствено постојат да врабтуваат партиски војници, со наши пари. Се надевам еден ден ќе покажат дека не е така.

ПРОЧИТАЈТЕ ЈА И ОВАА СТОРИЈА

„Дај не фрлај“ нова група на „Фејсбук“ на која граѓаните си подаруваат работи

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови