Коѕиас: Атина и Скопје имаат пријателски односи

Грција има пријателски односи со северниот сосед и двете земји направија неколку чекори, меѓу кои и мерките за градење доверба кои почнаа да се имплементираат.

Ова го изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, по синоќешната средба со шефот на германската дипломатија Френк-Волтер Штајнмаер.

- Дипломатите од двете страни прават значајна и голема работа, и дури ќе кажам дека е толку интензивна, како со никоја друга земја. Сега правиме гасовод од Солун до Скопје, ќе се направи нова железничка линија од Лерин до Битола, информира Коѕиас.

Тој исто така додаде дека двете земји воспоставија соработка меѓу универзитетите, полицијатата и размена на информации. 

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести