ЕУ: Турција од септември без напредок во исполнувањето на условите

1118 Views Декември 8, 2016 Бенчмарк Редакција Емагазин

Европската комисија денеска соопшти дека Турција од септември „буквално“ не направила никаков напредок во исполнувањето на условите за добивање визна либерализација.

Европската комисија наведе дека од последниот извештај за напредокот, објавен во септември, Турција не исполнила ниту еден од седумте услови. Комисијата инсистира Турција да ги почитува условите околу кои обете страни се согласија.

Европскиот комесар за миграциски прашања Димитрис Аврамопулос изјави дека обете страни продолжуваат да бараат решение за сите преостанати услови.

Најголеми проблеми предизвикува барањето Турција да го измени своето дефинирање на тероризам.

Турскиот претседател Реџеп таип ердоган претходно изјави дека кога ЕУ ќе ги исполни своите ветувања за визна либерализација за Турција, хуманитарна помош и отворање нови поглавја во преговорите со Анкара, тогаш Турција ќе покаже добри намери.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови