Карпе Дием - Гастрономска еволуција во центарот на Скопје

2262 Views Декември 12, 2016 Check in Редакција Емагазин

Carpe Diem е уникатен fine wine & dine ресторан во срцето на Скопје, веќе препознатлив по својата префинетост и премиум услуга, вистинско освежување на градската угостителска мапа.

На самиот кеј на Вардар, каде се соединуваат минатото и иднината, се мешаат мирисите од различните кујни и звуците од вообичаените скопски муабети, ова место со својот свеж, современ изглед се издвојува оддалеку. Ќе посакате да влезете.

Кога сте веќе внатре, добивате инстант желба да разгледате наоколу. Секој до детаљ осмислен агол, од овој исклучително урбан ентериер, мами погледи и кани да биде токму вашето омилено катче. Светлина од неутрални бои, комплементарност на стакло, дрво и метал, едноставност блиска до индустрискиот стил. 

Осoбен восхит и драматичност вдахнува уметноста на графичкиот дизајнер и сликар Зоран Кардула. Дела од неговиот серијал “Елеганција, убавина, мистичност”, слики со портрети на карактерите од култниот филм “The Grand Budapest Hotel”, како и наменски дела создадени за приказната наречена Carpe Diem – fine wine& dine. 

Убавината и топлината се душата на Carpe Diem, а срцето се секако вкусната храна и врвните вина. Доминира медитеранската кујна, изобилие од француски и италијански специјалитети кои ќе ги задоволат и најпребирливите сладокусци, познавачи на гастрономската магија.

Особено внимание се посветува при изборот на секогаш свежи, премиум состојки кои се основа за кулинарските предизвици. Инвентивното презентирање на храната е момент кој чинијата ја носи до state-of-the-art ниво, кое никого нема да остави рамнодушен. Правилниот избор на квалитетно вино, кое совршено ќе ги надополни, соедини вкусовите е она што ќе го заокружи вистинското fine wine & dine доживување.

Несомнено, амбиентот и услугата наресторанот „Carpe Diem”, ви нуди едноставно, но неповторливо гастрономско и естетско искуство. Уживањето во храната и атмосферата ви создаваат чувство на „урбан хедонист“. Оттука се заминува со експлозивна енергија да се земе денот во свои раце и потреба да се враќате повторно и повторно. 

Проверете, посетете го ресторанот Carpe Diem во било кој дел од денот. Дозволете си уживање за сите сетила.

Доколку сте во потрага по дополнителна “визуелна магија”, ве дели само еден клик до официјалната фан страна на Carpe Diem на социјалната платформа Facebook, ОВДЕ.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Коментари

Тагови

Најчитани вести